Приватност

Со пристапот на веб-страницата на grabsocks.com – менаџирана од страна на “ИНТ ТРЕЈД Д.О.О.Е.Л. КОЧАНИ” и при нарачка на производите/услугите, се согласувате дека ги прифаќате условите на оваа Политика за користење на системот за електронска трговија.

“ИНТ ТРЕЈД Д.О.О.Е.Л. КОЧАНИ” ги задржува правата за промена на овие политики и услови во секое време, а промените ќе бидат истакнати на оваа страница.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ЛИЧНИТЕ ПОДАТОЦИ НА КОРИСНИЦИТЕ НА КАРТИЧКИ

“ИНТ ТРЕЈД Д.О.О.Е.Л. КОЧАНИ” ќе ги користи личните податоци во согласност со Законот за заштита на личните податоци и со други соодветни регулативи на Република Северна Македонија. Нема да ги објавува личните податоци пред ниедна трета страна, освен во случаи каде што тоа е дозволено или законски пропишано, со цел да ги искористи своите права или да ги заштити своите интереси или да постапи во согласност со судските наредби или други правни или регулативни потреби. Личните податоци вклучуваат: Име, Презиме, ЕМБГ, адреса, е-маил адреса и сл. На grabsocks.com ќе Ви ги побараме следниве лични податоци: Име, Презиме, е-маил адреса, улица и број за достава и телефонски број. Купувачот гарантира за точноста на внесените податоци. “ИНТ ТРЕЈД Д.О.О.Е.Л. КОЧАНИ” не сноси одговорност доколку внесените податоци не се точни.

ПОЛИТИКА ЗА ЗАШТИТА НА ДОВЕРЛИВИТЕ ПОДАТОЦИ И ИНФОРМАЦИИ

“ИНТ ТРЕЈД Д.О.О.Е.Л. КОЧАНИ” презема сите потребни мерки за заштита на личните податоци, со цел да спречи загуба, кражба и злоупотреба, како и неовластен пристап, промена или уништување. “IНТ ТРЕЈД Д.О.О.Е.Л. КОЧАНИ” за целото времетраење на трансакцијата нема увид во бројот, датумот, валидноста и сигурносниот код на вашата платежна картичка, ниту пак има пристап до било какви информации поврзани со вашата сметка во банка. Податоците се внесуваат на веб-страницата на процесинг центарот кој ги процесира трансакциите за онлајн плаќање.

ПОЛИТИКА И УСЛОВИ НА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРОИЗВОДИТЕ/УСЛУГИТЕ

Оваа политика се однесува на испорака на производи порачани по електронски пат, при што производите ќе бидат испорачани преку нашиот сопствен превоз или преку овластени компании за превоз на стока, односно карго транспорт на адресата наведена во порачката.

Производите и нивните цени ќе бидат истакнати на оваа интернет-страница. Плаќањето на производите може да биде со кредитна/дебитна картичка.

Поштенските трошоци се вклучуваат во нарачката во крајната цена на производот.

За сите дополнителни прашања во врска со начинот на нарачка и испорака можете директно да не контактирате телефонски или да поставите прашање во делот за контакт.

ПОЛИТИКА НА ПОВРАТ НА СРЕДСТВА ПО ТРАНСАКЦИЈА СО ПЛАТЕЖНИ КАРТИЧКИ

“IНТ ТРЕЈД Д.О.О.Е.Л. КОЧАНИ” ќе врши поврат на средствата на купувачот, доколку биде направена погрешна уплата, а правото може да се оствари со доставување писмено барање и доказ за уплата, во кое ќе се наведе датум кога е извршена погрешната уплата и во кој износ.

Можеби ќе Ви се допаднат

КОШНИЧКА 0

ПОСЛЕДНО ГЛЕДАВТЕ 0